Насловна / Вести / Hellenic Petroleum ја заврши изградбата на најголемата фотоволтаична електрана во Грција од 204MW

Hellenic Petroleum ја заврши изградбата на најголемата фотоволтаична електрана во Грција од 204MW

Корпоративната трансформаија на Hellenic Petroleum продолжува, со тоа што компанијата има амбиција да создаде диверзифицирано енергетско портфолио, вклучувајќи покрај јаглеводородите и обновливи извори на енергија, водород и капацитетеи за складирање. Тоа е дел од планот за развој на компанијата до 2025 година. Во 2021 година, вкупните инвестиции на грчката рафинерија изнесувале 400 милиони евра, од кои 60% биле инвестиции во обновливи извори ан енергија, а 10% во модернизации поврзани со заштитата на животната средина и безбедноста.

kozani1

kozani2

Последниот  проект, се состои во изградбата на најголемата фотоволтаична централа во Грција, која неодаман е завршена. Станува збор за инсталиран капаците од 204MW, во Кожани. Во текот на овој месец се очекува да започне со комерцијална работа. Инвестицијата е 130 милиони евра (од кои 75 милиони евра се обезбедени од ЕБОР), а очекуваното годишно производство на електрична енергија изнесува 350GWh.

kozani3

Испрати коментар

Scroll To Top