Покрај тоа што емитуваат помалку гас, научниците откриле уште еден начин како електричните автомобили може да и помогнат на природата.
Компанијата Ајакс, која е независен производител на Тојота со седиште во Уругвај, има одлична идеја. Тие сакаат нивните електрични автомобили да произведат звук што им помага на растенијата во урбаните средини да растат подобро. Не само што ова ќе го реши непредвидениот проблем со безбедноста на електричното возило, туку ќе направи и нешто добро за околината.
Бидејќи светот ја забрзува својата борба против климатските промени, станува се повеќе јасно дека, во не толку далечна иднина, електричните автомобили кои се напојуваат со обновлива енергија, целосно ќе ги заменат стандардните возила кои имаат мотори со внатрешно согорување.
Покрај тоа што испуштаат помалку стакленички гасови, употребата на електрични автомобили целосно ќе ги елиминира другите форми на загадување од издувните гасови.
Сепак, не само што ќе можеме да дишеме почист воздух благодарение на оваа промена во иднина, ќе живееме и во градови кои се многу помалку бучни. Причината е дека електричниот мотор што ги напојува овие автомобили произведува помалку бучава од еден лаптоп. Поради тоа електричните автомобили со мала брзина се толку тивки што ова претставува проблем.
Истражувањата покажаа дека електричните возила имаат за 40 отсто поголема веројатност да бидат вклучени во сообраќајни несреќи во кои се вклучени пешаци, затоа што тие не произведуваат звук што би ги известил пешаците дека доаѓа автомобил.
Ова е причината зошто влегуваат во сила законите ширум светот кои бараат од сите електрични автомобили да произведуваат вештачки звук. Предлозите за тоа како треба да звучат автомобилите се различни, но идејата на Ајакс е посебна.
Идејата дека звукот може да влијае на тоа како растенијата растат не е нова. Со години, научниците вршат истражувања на оваа тема, кои покажаа дека растенијата што се изложени на звуци, функционираат подобро од оние што растат во тивка околина.
Тоа истражување секако им било на ум на инженерите на Ајакс и нивните партнери кога размислувале каков звук би требало да произведуваат електричните и хибридни модели на Тојота.
Тие тврдат дека успеале да развијат звук на специфична фреквенција што го стимулира растот на растенијата, ја подобрува количината на течност во клеточните sидови и развојот на заштитни ензими, а самиот проект го нарекол Хy, како кратенка на зборот хармонија. Ајакс верува дека ако автомобилите звучат така, тоа многу би помогнало во растот на урбаната вегетација.
За разлика од карактеристичниот звук на моторот со внатрешно согорување, звукот развиен во рамките на проектот Хy звучи многу поразлично, дури и малку смирувачко, при што зачестеноста на звукот се зголемува со забрзување на автомобилот.
Иако идејата звучи многу интересно, сè уште немаме потврда дека звукот што е развиен навистина го промовира растот на растенијата и здравјето. Она што го направија од уругвајската компанија е дека тие дизајнирале звук чија фреквенција се совпаѓа со оние за кои се покажало дека се корисни за растенијата во разни научни студии, но големото прашање е како ќе се покажат во реалното опкружување.
Како и да е, Ајакс сака ова да биде новиот стандард за сите електрични возила и планира да се прошири на многу глобални пазари.
Останува на нас да се надеваме дека нивните напори ќе бидат успешни и дека употребата на електрични автомобили ќе има уште една, ненамерна, корист за нашата планета.