Њујоршкиот уметник Torkwase Dyson дизајнирал монолитна црна структура за уметничкиот фестивал „Counterpublic“ во Сент Луис за да ги појача звучните снимки од ragtime композитор.
Наречена Птици и Лава, инсталацијата се состои од масивна црно обоена дрвена структура и е изградена во парк во населбата Old North St Louis.
Инсталацијата е исполнета со ragtime музика на американскиот композитор Scott Joplin, а снимката од неговата музика е пуштена во центарот на просторот за да се создаде мултисетилно искуство.
Dyson вели дека формата на инсталацијата е создадена врз основа на „ослободување од архитектурата и инфраструктурата на одземање“.
„Го извлекувам јазикот на обликот од простори, употребени или конструирани, кои одбиваат опкружување на угнетување“, изјави Dyson за Dezeen.
„Кога ги комбинирам овие геометрии во моето сликарство, цртежи или скулптури, тие стануваат она што јас го нарекувам хиперформи. Композициите на хиперобликот зборуваат за затвореност, слобода, модуларност, мобилност, импровизација, брзина, размер и одредена тишина“.
За Птици и Лава Dyson ја позајмил формата на пијаното и неговата музика како организационен принцип за дизајнот.
Издигната на ливада во паркот опкружен со станбени куќи, инсталацијата се состои од два големи ѕида кои врамуваат платформа каде што се поставени мали столчиња.
Секој од ѕидовите има круг кој е исечен и повлечен наназад, создавајќи орвор за проток кој го зголемува звукот. Заоблен ѕид од летви поставен е во рамките на ѕидовите, врамувајќи го просторот.
Снимки од музиката на Scott Joplin се пуштаат во просторот преку звучник напојуван од соларен генератор.
Дизајнот создава јасно искуство на слушање и сенки во текот на денот што го надополнуваат звукот.
„Сакав звучно да ја пренесам конструкцијата на нештата како што се тежината на линијата, густината, брзината, гравитацијата, времето и текстурата“, вели за Dezeen Dyson.
„Со толку многу компоненти, мојата цел беше спој помеѓу звукот и архитектурата“.