Оригиналниот изглед на новиот звучник Наутилус повеќе потсетува на некое скулптурно уметничко дело, а не на последниот крик на технологијата.
Самиот производител вели дека ништо не изгледа ниту звучи како Наутилус! Тоа е прилично различен производ, дури ни како конвенционалните звучници во кутија на кои сите сме навикнати. Со цел да се спакуваат уникатните Наутилус цевки за домашна употреба, дизајнерите развиле впечатлива и просторно ефикасна спирална форма по која е именуван звучникот.
Овие елементи се дојдени од опсежната студија на компанијата која покажала дека единиците за погон на звучниците навистина можат да се однесуваат на начинот на кој дизајнерите замислиле. За овој технолошки потфат, производителот ја добил наградата за иновации на Кралицата, а споменатата технологија сега ја има речиси во секој од нивните звучници.
Најновиот звучник Наутилус е доказ дека дури и нешто што наликува на морски полжав може да делува како вистинско уметничко дело во секој ентериер. Препознатливиот дизајн од три дела го краси секое парче од оваа звучна уметност, која исто така е рачно изработена.
Сите делови потоа се спојуваат заедно и потоа се брусат за да се отстранат сите видливи рабови. Рачно се фарбаат со 12 слоја боја и лак, понекогаш и повеќе, во зависност од спецификацијата на клиентот.
Наутилус доаѓа во три стандардни бои: сребрена, црна и темно сина. Но, како што доликува на таков уникатен звучник, производителот нуди и специјална услуга што може да одговара на која било боја што ќе ја наведе клиентот.