Германската компанија Concrete Audio произведе нов модел на звучник N1 наменет за градежници и архитекти, но исто така, и за оние што сакаат индустриски look&feel во своите ентериери.
Вообичаените звучници направени од дрво имаат своја резонантната фреквенција. Меѓутоа, на одредени фреквенции куќиштето почнува да осцилира, што резултира со дисторзија на звукот што не е погодна за слушање. Токму поради оваа причина, компанијата Concrete Audio произведе куќиште направено од специјален бетон со висока цврстина. Аморфната структура и високата специфична тежина на овој материјал ги спречува осцилациите на куќиштето на звучникот. Благодарение на специјално леење на бетонот, куќиштето на звучникот е униформно и запечатено.
Резултатот е звук со многу подобар квалитет. Овие звучници од бетон од 100 W со фреквентен опсег од 34-40,000 Hz и дисторзија помала од 1% е избор за љубителите на вистинкиот звук.
Тежината на еден звучник е дури 80 килограми со димензии од 110 x 23 x 33 сантиметри.