Насловна / Вести / Зумбули – најубавите предвесници на пролетта

Зумбули – најубавите предвесници на пролетта

Зумбул, или Hyacinthus orientalis, е еден од најубавите предвесници на пролетта во нашите градини. Веќе со првите топли денови ќе не воодушеви и расположи со својот пријатен мирис и живи бои.

z6

Постојат две сорти – римски, кој има ретки цветови и интензивен мирис, и почестата, холандска – со компактни цветови во бела, беж, розова или виолетова боја.

z01

Природните живеалишта на зумбулите се карпести падини долж морски брег, како што се Грција и Далмација. Најчесто се одгледува како градинарско растение, но може да се одгледува и во затворен простор. Станува збор за повеќегодишно растение, кое се размножува со луковици. Се сади наесен, најчесто со луковици, иако може и со семе. Се сади на растојание од 15-20 сантиметри, на длабочина од околу 15 сантиметри. Посебно треба да се внимава да се осигура дека нема воздушни џебови што може да предизвикаат гниење. Најпогодна е пропустлива почва, богата со хумус и песок. Во почвата треба да се додаде ѓубриво и суперфосфат. Ако сè е правилно направено, напролет ќе израсне стебло, со долги месести листови, на кои ќе се развијат цветови во форма на ѕвонче.

z5

z1

Освен директно во градината, зумбули може да се садат и во саксии со дијаметар од 10-12 сантиметри. Една по една луковица се засадува во мешавина од песок и компост, така што горната третина излегува над почвата. Вака засадени се чуваат на темно место, на температура од околу 10 степени. Се изнесуваат на дневна светлина на пролет, кога ќе се појавуват изданки високи 5-6 сантиметри, со тоа што мора постепено да се аклиматизираат. Ова се постигнува со покривање со хартиен фишек. Кога листовите или пупките ќе пораснат доволно за да се подигне хартиениот фишек, тогаш е време да се отстрани.

z4

Во собни услови, зумбулите се чуваат на светло место, но не премногу топло, за да се продолжи периодот на цветање. Наводнувањето треба да биде редовно, но умерено.

z02

Листовите на зумбул не треба да се сечат по цветнањето. Треба да се остави природно да овене. Најдобро е да се извадат луковиците и да се чуваат на суво и темно место. Може да се покријат и со песок. Ако луковиците останат во земја, веројатно нема да замрзнат, и ќе цветаат неколку години по ред, но помалку обилно и со многу поситни цветови.

z2

z3

Испрати коментар

Scroll To Top