Насловна / Архитектура / Зошто „Винербергер“ доживеа да слави 205 години постоење?

Зошто „Винербергер“ доживеа да слави 205 години постоење?

Компанијата „Винербергер“ денес е најголемиот производител на керамички тули во светот, но пред точно 205 години била само идеја. Сепак, голема идеја која станала реалност.

Таа идеја ја имал Алојз Мизбах, австриски градежен инженер кој во Рим ги изучувал техниките на старите Римјани за производство на тули. Враќајќи се дома, на само 29 години, во 1819 година, тој решава да отвори тулана. Туланата го носи името на Виенскиот рид каде што се наоѓа, на германски „Wienerberg“.

4

Heinrich Drasche and Alois Miesbach

За кратко време се покажува дека туланата на Мизбах била почеток на една империја. До 1855 година тој веќе поседува 9 тулани во околината на Виена, во кои работат околу 2.350 работници.

Компанијата постојано граби напред поради тоа што нуди широка палета на производи, меѓу кои ќерамиди, глинени украси, цевки и испечени тули, а зазема и значајно место во дејностите на ископување јаглен, копање канали, како и во градежната индустрија.

5

„Винербергер” ја градеше Виена

Во средината на 19. век, Виена личела на тврдина и поради постојаниот прилив на луѓе, во 1857 година императорот Франц Јозеф ги руши огромните ѕидови за да може градот да се шири.

Ова е голем потенцијал за „Винербергер“ во годината кога на чело на компанијата застанува Хајнрих Драше, внук на Мизбах. „Винербергер“ на големо ја гради новата Виена, а компанијата продолжува со забрзано темпо да се развива и шири. Ако во текот на 1820 година биле произведени 1,5 милиони тули, во 1869-та производството е зголемено на 188 милиони тули.

Тулите произведени со знакот Х.Д. – иницијалите на Хајнрих Драше, сè уште можат да се пронајдат во виенските згради од тоа време.

2

„Винербергер“ рака под рака со уметноста

Во 1869 година во бордот на директорите на друштвото влегува архитектот Хајнрих фон Ферстел. Соработката со него, како и со Теофил Хансен, уште еден познат архитект од тоа време, ѝ овозможува на компанијата да изгради значајни згради, како Вотивкирхе и палатата Ферстел.

Исто така, кон својата дејност „Винербергер“ ја придодава и изработката на керамички скулптури (орнаменти). Со своите учесници Хансен проектирал и керамички уметнички дела, кои можеле да се реплицираат, па до 1867 година фабриката нудела околу 20.000 керамички модели на печени керамички фигури и орнаменти/украси.

Соработката на „Винербергер“ со уметниците продолжила. Во 20-те години на минатиот век, керамичката уметност се продавала во посебна работилница што ја водел познатиот скулптор Роберт Обсигер. На неговите бројни уметнички керамички дела луѓето и ден-денес им се восхитуваат низ Виена.

3

Чекор пред сите – од почетоците до денес

Уште од своите почетоци „Винербергер“ се потпирала на технологијата и на размислувањето да се биде чекор пред сите.

Драше бил првиот производител на тули кој ги вовел т.н. „прстенести печки“, во кои глината се печела на температура од околу 1000°С. Исто така, тој бил и еден од првите индустријалци, кој посветувал внимание на социјалниот аспект и освен платата, се грижел вработените да имаат и други придобивки и компанијата градела домови за нив, за да можат да живеат во подобри услови. А овие вредности останале столбови на компанијата до ден-денес.

1

Винербергер, плакат 1949

При крајот на 20. век „Винербергер“ станува еден од водечките играчи на пазарот на тули во Европа, а паралелно ја проширува својата дејност, основајќи или купувајќи фабрики низ целиот свет. Во 2000 година, компанијата се трансформира во целосно специјализирана компанија за работа со градежни материјали.

Основана пред повеќе од 200 години, поминувајќи низ многу искушенија и тешкотии за време на двете светски војни, компанијата „Винербергер“ е единствен пример од ваков вид.

Со квалитетните производи, далековидоста, приспособувањето кон условите, развојот, спојувањето на традицијата со најсовремените методи и технологии за производство таа не само што опстојува, туку и станува светски првак во својата бранша.

*Комерцијален текст

њ

Испрати коментар

Scroll To Top