Иако многумина ги ценат како прекрасни конструкции од аспект на индустрискиот дизајн, многумина пак не се сложуваат. Сепак, какво и да е генералното мислење, или пак Вашето мислење за овие постројки, дали сте се запрашале зошто тие секогаш се бели? Christopher McFadden го анализира ова прашање за магазинот Interesting Engineering, а поентите Ви ги пренесуваме во продолжение.
Имено, колку и да звучи неверојатно главната причина за избор на белата боја е од чисто естетска природа. Белата боја им овозможува на овоие постројки најдобро да се вклопат со околината, особено при облачно време. Се работи за боја која е визулено најмалку обтрузивна. Дополнително, се прават напори за уште поуспешно вклопување во средината, како на пример турбините на Enercon во Германија кои се сиви.
Други пак, имаат ленти во зелена боја во основата на столбот, заради вклопување во тревнати предели. Во близина на аеродром, црвени ленти на лопатките од турбината. Но, сепак белата боја е во предност и поради друга причина, а тоа е безбедноста односно нивната јасна видливост од воздух. Значи, истата боја од копно идеално се вклопува во околниот пејзаж, додека пак од воздух е максимално видлива. Дополнително, белата боја максимално ги рефлектира сончевите зраци и со тоа се придонесува за отпорност на конструкцијата и стабилност.
Видео:
www.youtube.com/watch?v=oxSgs5F5RDU