Насловна / Вести / Зошто украсуваме новогодишна елка?

Зошто украсуваме новогодишна елка?

Украсувањето на елка како што го правиме денес потекнува од територијата на Германија, кога во средниот век за Божиќ елката се украсувала со црвени јаболка, а на запад на денешна Германија со колачиња во различни форми и свеќи кои го симболизирале Христос како вечна светлина.

е2

Во наредните векови овој обичај се проширил низ Стариот континент. Во Англија, новогодишна елка украсена со бонбони, хартиени цветови, машни и мали подароци за прв пат се појави во 1841 година. На почетокот, украсувањето на дрвото било резервирано само за повисоките класи на општеството, но многу брзо сите го прифатиле овој обичај. Доселениците од Германија го донеле овој обичај на американско тло, а Азија дознала за новогодишната елка од мисионерите.

е5

е41

Меѓутоа, постојат бројни теории за потеклото на обичајот за украсување на елка. Најчесто се поврзува со симболиката на дрвјата во ритуалите пред доаѓањето на христијанството, особено со приказната за Донаровиот даб, стебло кое древното германско племе Хата го сметало за свето.

е

Според легендата, христијанскиот мисионер Бонифацие, кој подоцна бил прогласен за светец, исекол во 723 или 724 година едно од овие стебла за да им покаже на паганите супериорноста на христијанството над нивната религија – недостатокот на реакција од паганските богови требало да им покаже на паганите дека треба да ја отфрлат својата религија и да го прифатат христијанството. Тој успеал во тоа и моментот опишан во оваа легенда обично се смета за клучен за христијанизацијата на Германите.

Обожувањето на дрвјата било многу често меѓу европските пагани и во голема мера го преживеало нивното прифаќање на новата религија.

е6 е3

Испрати коментар

Scroll To Top