Ако се обидувате да живеете еколошки и спречите глобални катастрофи, како што се уништување на океаните или климатските промени, формулата е едноставна – користете ги работите повеќепати и поретко купувајте нови.
Најмногу се зборува за пластичните кеси. Но дали се тие подобри или полоши од памучните? Што е со памучните кеси? Експертите велат дека нема едноставен одговор.
Јасно е дека пластичните кеси не се разградуваат, ги загадуваат океаните, животот во морињата, воопшто ја загадуваат целата околината. Меѓутоа за изработка на органски памучни кеси се троши повеќе вода, енергија и многу други ресурси и затоа не се добра замена. Поради тоа постои тврдење дека ниту памучните, ниту хартиените кеси не се добри решенија, пишува Quartz. Поточно, тие тврдат дека еколошки се поприфатливи пластични, полиетиленски кеси со ниска густина. Можете да ги препознаете по тоа што се „попроѕирни“ од класичните.
Данските еколози тврдат дека со нивно палење се прави помала штетеа одошто со памучните кеси.
Памучните кеси треба да се употребуваат повторно, илјадници пати, за да бидат еколошки поприфатливи од полиетиленските. Покрај тоа, сметаат дека органскиот памук е полош од класичниот, кога станува збор за вкупното влијание на околината. Неговото производство повеќе загадува од производството на обичен памук – се троши многу енергија и вода, иако се употребува помалку ѓубриво и пестициди. Би требало да се употребат околу 20 илјади пати повеќе од обичните памучни кеси за да бидат покорисни од нив. Покрај тоа, памукот не може успешно да се рециклира, бидејќи за тоа постои малку инфраструктура.
Изработката на хартиени кеси исто така лошо влијае на околината. Полоши се од полиетиленските кеси, бидејќи поради нив се уништуваат шуми. Најдобро решение, според данските еколози е следното, какви било кеси да имате дома во моментов, немојте да ги фрлате. Искористете ги додека не се распаднат и немојте да купувате нови.