Насловна / Вести / Зошто Роналдо луто ја тргна Кока – Кола?

Зошто Роналдо луто ја тргна Кока – Кола?

Кристијано Роналдо стана хит по којзнае кој пат, но овој пат не поради спектакуларен гол или некаква уникатна реакција на теренот, туку поради потегот на прес-конференцијата пред натпреварот со Унгарија.

Кога пристигна на своето место на масата, затекна две шишиња Кока-Кола. Тој погледна намрштено кон нив и веднаш ги тргна настрана. Потоа од некаде извади шише вода, го подигна и строго порача: „Пијте вода!“

Нему не му беше грижа за тоа што Кока-Кола е еден од главните деловни партнери на ФИФА или за тоа дека е „официјалниот безалкохолен пијалок на EURO“. Роналдо никогаш не ја криел аверзијата кон газираните пијалоци. Всушност, скоро кон секоја течност, освен обична вода и природни сокови.

А здравата исхрана и строгата грижа за сопственото тело се главните причини зошто Роналдо и на 36 години е еден од најдобрите светски фудбалери и зошто физички е на ниво на десет години помлад спортист.

Кока-Кола годинава е обвинета за „нула напредок“ во намалувањето на пластичниот отпад, откако трета година по ред беше прогласени за најголем загадувачи со пластика во светот.

рр_resize

Испрати коментар

Scroll To Top