Кога имата стотици односно илјадници производи во својата понуда, најлесно би било да се означуваат со броеви или имиња кои би биле лесни за изговарање и помнење. Но, тоа не е случај со шведскиот гигант „Икеа“, чии производи имаат чудни и тешко разбирливи имиња, барем за луѓето надвор од Скандинавија. Тоа е така, поради фактот што основачот на компанијата Ингвар Кампард имал дислексија, па имал проблеми да ги следи и памти развојот на стотиците производи. Затоа производите добивале имиња на градови, езера и сл. во Шведска, Финска, Норвешка, односно цела Скандинавија. Самото име на компанијата, потекнува едноставно од неговите иницијали, името на малата фарма Елмтарид каде бил роден, и блиското село Агрунарид. Со текот на времето, имињата на производите стануваат синоним за оваа компанија и своевиден бренд.