Насловна / Вести / Зошто пепелта од согорување на јагленот, која се додава на цементот е важно да се прочисти од тешките метали?

Зошто пепелта од согорување на јагленот, која се додава на цементот е важно да се прочисти од тешките метали?

Додавањето на пепел од согорувањето на јаглен во термоцентралите, во производството на бетон, е позната постапка. Но, пепелта содржи и тешки метали кои ја загадуваат животната средина, односно заедно со водата продираат во почвата. Научниците од Универзитетот Rice истражуваат како да се намали емисијата на гасови од цементната индустрија. Тие користеле загревање со цел да ги отстраната тешките метали од летечката пепел. Со негово прочистување, се подобрува квалитетот на бетонот и се заштитува животната средина.

rice1

Во текот на истражувањето во лабораторија, 30% од цементот е заменет со прочистена пепел, со што е подобрена цврстината и еластичноста на бетонот за 51% и 28%, а емисијата на стакленички гасови и количината на тешки метали за 30% односно 41%. Труд со наодите од ова истражување е овјавен во Communications Engineering. Со оглед дека годишно се генерраат околу 750 милиони тони летечка пепел, научниците осмислиле брз процес при кој со загревање се отклонуваат до 90% од тешките метали од пепелот. Така овој отпаден материјал станува попогоден за користење.

 

Испрати коментар

Scroll To Top