Душанка Шуловиќ дипломирала на Архитектонскиот факултет во Скопје во 1964 година. Работела како проектант и урбанист во:
– Републички завод за урбанизам – Скопје,
– Завод за урбанизам – Битола,
– Дирекција за просторно планирање на Охридско-Преспанскиот Регион,
– ГП Трудбеник – Охрид,
– Македонијапроект – Скопје.
Автор е на: основни и детални урбанистички планови на повеќе градови и општини во Република Македонија, идејни и главни проекти на бројни архитектонски објекти, како и конкурсни трудови.
Добитник е на:
• Првата награда за архитектонско – урбанистичко решение на ул. „Максим Горки“ – Скопје (1989),
• Големата награда на БИМАС 2000 на ААМ за деловен објект на аголот на ул. „27 Март“ и „Максим Горки“,
• откупни награди за урбанистичко – архитектонските решенија на „Словенска плажа“ – Будва (Црна Гора,1982) и центарот на Зеница (БиХ,1985).
„Скопје 2014“ е специфична појава. Се појави ненадејно, со политичка одлука. „Скопје 2014“ не е ниту архитектура, ниту урбанизам, ниту уметност, туку „него го создадоа војници на некоја анонимна легија“ како што рече професорот Ѓорги Константинов. Тоа е туѓо тело во градското јадро и ја навредува професијата архитект.
За да бидам прецизна, во градот Скопје сигурно ќе најдеме аномалии и негативни појави и градби, нелегални и полулегални трансформации и во други временски периоди. Но, тоа не е исто со „Скопје 2014“. Тоа се само поединечни негативни појави во еден долгогодишен, дури повеќевековен, многу покомплексен архитектонски и урбанистички развој на градот, кој во основа ги следел главните постулати на архитектурата и урбаното живеење.
„Скопје 2014“, почна да се реализира со една видеоприказна, без урбанистичко-архитектонски проект. „Скопје 2014“ посегна по архитектонските дела од претходниот период, сакајќи да ги избрише сите траги од архитектонското творештво на 20-тиот век, главно делата на познати архитекти кои ја создаваа модерната во пред и постземјотресно Скопје. Грешките во архитектурата тешко се коригираат, а во урбанизмот се скоро непоправливи. Но за грешките во архитектурата на „Скопје 2014“ е веќе многу зборувано, затоа ќе се осврнам главно на грешките од урбанистички аспект и просторни деформации предизвикани од тоа што се градеше без урбанистички план, со сукцесивни и парцијални промени на деталните урбанистички планови. Направена е штета од секаков вид: просторен, функционален, безбедносен, естетски, финансиски и етички.
Ќе почнам од најкапиталниот зафат – регулацијата на реката Вардар. Коритото на реката Вардар е оска на градот, а кејовите претставуваат парковско–рекреативна крајбрежна зона. Врвни експерти на Обединетите нации ја прогласија оваа зона во распон од 600 метри за забранета зона за градба. Проектот „Скопје 2014“ ова не го испочитува и грубо ја наруши крајбрежната забранета зона, која имаше заштитен карактер за градот во случај на поплави и слични непогоди.
Скопското кале е градба што ретко кој град ја има. Ако некој праша дали Скопје има свој белег, велам: „Да, Камениот мост и Калето, кои се на сите разгледници откако паметам.“ Денес, Скопското кале е со затворена визура од божем-барокни административни објекти сместени во подножјето, кое што требаше да биде парковски уредена површина.
Старо-новиот театар е изграден врз основа на носталгични чувства, што не е вредносна категорија. Тој не е реплика на стариот театар, што можеби и би имало некакво оправдување, туку е објект со зголемен габарит кој не соодветствува на просторот. Освен што навлегува во забранетата зона покрај Вардар, не ги задоволува ниту прописите за пристап и паркирање кои треба да ги поседува ваков тип на објект.
Сите објекти долж левата страна на Вардар ја узурпираат крајбрежната зона. Генерално, сите тие се без урбанистичка артикулација, сообраќајно се тешко пристапни, не им е решено паркирањето, си пречат еден на друг, имаат проблем со подземните води, што на долги патеки ги прави скапи за одржување и им го отежнува вршењето на основните функции за кои се наменети.
Во тој контекст, особено е дискутабилна функцијата на Архивот и Археолошкиот музеј во кои постојат депоа со непроценливи археолошки артефакти и архивски материјали, за кои задолжително треба да постојат највисоки безбедносни мерки за заштита од поплава, пожар и слично. Не треба да се занемари и опасноста од високата сеизмичност на подрачјето на Скопје.
Објектите од „Скопје 2014“ изградени по должината на левиоот брег на Вардар ги запираат визурите кон старата чаршија, Даут-пашиниот амам, а објектите од капитално значење со модерна архитектура ги оставаат во заднина. Тука пред сè мислам на објектот на Македонска опера и балет (МОБ), проектиран од словенечката архитектонска група Биро 71, избран на југословенски државен конкурс. Овој објект заедно со објектот на Македонската филхармонија беше замислен во урбанистичкиот план како културен комплекс, кој требаше да се спушта кон реката Вардар и со пристап да се поврзе со кејот и градските случувања на шеталиштето. Објектот на Македонската филхармонија беше изграден како дел од „Скопје 2014“ и за среќа тој е граден како современ објект. За жал, еклектичките објекти од „Скопје 2014“ ја уништија идејата, така што сега и објектот на МОБ и објектот на Македонската филхармонија се херметички затворени, исклучени од реката и шеталиштето со редица божем-неокласицистички објекти, римски колонади и кич канделабри. Убавиот објект на МОБ, со чиста, модерна и иновативна архитектура, Скопје го имаше пред Заха Хадид да се појави на архитектонското небо.
За зградата на поранешниот Централен комитет на СКМ, сега Влада на Република Македонија, бардот на македонската архитектура и урбанизам, арх. проф. Петар Муличковски има добиено многу награди и признанија.
Иронично, смешно и тажно е што објектот што го артикулираше македонскиот идентитет и беше инспириран токму од локалната вернакуларна архитектура, е преоблечен во една смешна верзија на „класицизам“, а сè со цел и во обид да се промени и потврди една поинаква перцепција за националниот идентитет. Се разбира, граѓаните не се препознаваат во таквата архитектура, па пејоративно го викаат „шампита“.
Овој и останатите бројни објекти, нови и оние преоблечени во божем-неокласицистички фасади на десната страна на реката Вардар и во централното јадро на градот се дел од радикалното преуредување на градот, со исклучиво популистичка и манипулативна цел. Тие не ја почитуваат ниту урбанистичко-архитектонската наука и пракса, ниту пак ги следат социолошките потреби на граѓаните. Објектите на десната страна на Вардар ги имаат потполно истите проблеми како и оние на левата: се усложни и така сложената сообраќајна шема, се уништи парковското зеленило, се затворија визурите и струењата од Водно преку главната оска, од старата Железничка станица, преку улица „Македонија“, плоштадот, Камениот мост до почетокот на Старата чаршија, кои што беа потврдени од сите претходни урбанистички планови како многу значајни за градот.
Плоштадот „Македонија“ се вовлекува и бега од реката, опкружен е со кичести зданија, во кои предничи хотелот „Мериот“ и претставува херметички затворен простор, кој претпоставувам, на креаторите им создава чувство на виенска елеганција. Се разбира тој е далеку од елеганција колку што Скопје е далеку од Виена. Деградирани се постоечките објекти кои се архитектонски маркери на градот за одредени историски периоди: Арапска куќа и Поштата, која е еден од најзначајните претставници на модерната во Скопје. Споменикот „Воинот на коњ“ од визуелен аспект со својата големина не е адекватен на просторните можности, а Триумфалната порта е грд, ирационален и анахрон објект, поставен на потполно погрешно место, кој ниту слави триумф, ниту има оправдана намена и функција. Галии, ирационални мостови кои не водат никаде, скулптури, споменици, изобилство на урбанистички декор, сето тоа вознемирува и создава конфузна и изместена слика за градот Скопје.
Според урбанистичката наука, урбаните плоштади се отворени јавни простори кои го одразуваат идентитетот на градот и културите на заедниците кои живеат во него. Со други зборови плоштадот е интегрирачки механизам на градот. Во современото живеење тој треба да обезбеди место за организирање јавни церемонии, политички активности, музички и театарски перформанси, место каде луѓето земаат здив од урбаната динамика итн. Зелените и водените површини на и околу плоштадот имаат освен естетска и еколошка функција, го подобруваат квалитетот на воздухот, ја намалуваат бучавата и урбаната жештина. „Скопје 2014“ промовира два плоштада, еден од десната и еден од левата страна на Вардар, кои наместо да интегрираат, ја продлабочуваат сегрегацијата меѓу заедниците кои живеат во градот. Плоштадот „Македонија“, со реализација на „Скопје 2014“, ги има изгубено сите горенаведени атрибути и очигледно е дека не ги задоволува функциите на централен градски плоштад.
Њујоршкиот музај на модерна уметност МОМА, деновиве спрема изложба со која ќе ја одбележи југословенската модерна архитектура и уметност. Таа ќе ја прикаже и постземјотресната обнова на Скопје како еден од „возвишените моменти на интернационализацијата на архитектурата во периодот на студената војна“.
Па така, тоа што „Скопје 2014“ најгрубо го сокри, ќе треба да одиме во Њујорк да го видиме. Затоа, денес кога во јавноста се поставуваат прашањата да се руши и дислоцира, или да се амнестира и заштити „Скопје 2014“, мора прво да го поставиме прашањето: дали лузните нанесени на градското јадро на Скопје, што го прават нефункционално и небезбедно, може да се санираат, макар и делумно, со амнестија на изградената реалност која поништи сè што постоеше претходно? Дали тоа е можно само со креативно преобликување и кој ќе ја преземе одговорноста за евентуално загрозување на човечки животи предизвикани од небезбедните и непристапни објекти?
Јас мислам дека е потребно многу повеќе од креативно преобликување, од причина што архитектурата и урбанизмот се сериозна, егзактна наука, а не Евровизија и естрада, ниту забавен парк во кој градбите постојат за туристите да се сликаат покрај нив.
Сметам дека треба да се ангажираат многу стручни и искусни професионалци од земјата и од странство, со полемики и размисли за тоа што да се прави со „Скопје 2014“. Потребно е да се испитаат сите опции и да се бараат решенија, стручни и издржани, поткрепени со аргументи и научна анализа. Но, тоа не може да го прават архитектите и сите оние кои на кој било начин биле инволвирани во создавањето на оваа кардинална и криминална грешка.
Што и да се прави во иднина со „Скопје 2014“, јасно е дека финансиска оправданост за тој зафат не може и не треба да се бара, од проста причина што нанесената штета е непроценлива.
Душанка ШУЛОВИЌ, дипл. инж. арх.
Ovdeka samo za vkus se diskutira, a kolku znam za toa ne se razgovara.
Koga za tebe MOB e vrvno arhitektonsko delo sto da se kaze osven, tesko na makedonskata arhitektura so vakvi dipl arh.
Тешко на Македонија со надриписари, надрилекари и надриархитекти. Тешко на Македонија со лаици кои се замислуваат дека знаат подобро од архитектите…
И за вкус се дискутира, особено внатре во една фела која од тоа лебот го вади. Но, овдека авторот дискутира за урбанизам, а тој нема многу врска со вкус. Нешто што да беше архитект ќе го знаеше. Вака, останува да не убедуваш дека Вилеров гоблен „Коњи на поило“ или „Тајната вечера“ се валидни уметнички дела, рамо до рамо со оргиналите.
Daj molim te pofali go mnt i mob, ama iskreno kazi dali se dobri,za skokalnicata mislam.
Wow pa bilo tabu tema da prigovaras na dipl arh, demek oni so ke kazat zakon.
Idi begaj be, od vas ”ucenite” mama ni se rasplaka.
Gorane nema smisla da vleguvas vo komentiranje na oblast sto ocigledno ne ja poznavas i da se blamiras . I nema potreba da si lecis frustracii so plukanje. I edinstveno si vo pravo deka ne e” tabu tema da prigovaras na dipl.arh.” no pred se na ” kvazi arhitektite” sto go unistija Skopje vo poslednite desetina godini, a pred se vo Urbanizmot, sto e i glavna tema na ovoj napis na pocituvanata arh. Dusanka Sulovic.
Vo koj clen od ustavot e opisano za smisla na komentiranje so pravo koj moze a koj ne moze i za koja tema.Blam i plukanje od moja strana nema.
Citaj ja pocituvanata, pod prevezot na strucnosta so navredi se koristi i sekako nejze i e dozvoleno.
Zosto Risticeva palata ne ja spomnuva?
Zar ne e triumfiranje posle 100 godini da dobies drzava i dovolno pricina da slavis pa makar i so porta.
I najbolno za vas ucenite , sto sega ke pravime, ke rusime ili ke gradime.
P.S ova arh sto go pisuvas pred imeto i vo licna karta li ti e vpisano?
Drugo sve resivte uste Skopje 2014 da go opravite i se ke bide vo red. Plostadot nikogas ne bil poubav i prestanete da gi velicate drugite svetski centri , nasata kultura i civilizaciski dostiganja se inspiracija za niv.
Site vie sto najdovte bilo kakva vrednost vo Skopje ‘14 nemate nikakov vkus, dali stanuva zbor za, estetski, urbanisticki, arhitektski, ekoloski itn.
Skopje ‘14 e katastrofa sto go unisti gradot poveke od zemjotresot vo 1963.
Иако со некои елементи на модерната не се согласував, затоа што мислам дека ја занемари човечката димензија (поштата) и го стави во подредена положба Даут Пашиниот Амам со изградба на мостот над бил Гоце Делчев, планерите мораа да ја решаваат брзата урбанизација и поврзување на деловите од градот со артериски патишта и тоа можеме да го разбереме како некој копромис меѓу урбанизацијата, квалитетот на живеење и влијанието од светските трендови. Ск2014 е измислен од неколку најмени архитекти за да се наметне еден нов идентитет (антички), да се подигне некој вештачки сенс за националното, патриотското чувство на македонецот, без да се води сметка за мултикултурата и другите нации (кои подоцна ги компензираа со изградба на плоштадот да СкендерБег). Но Скопје 2014 најмногу се изгради за да се покријат криминално-профитерските активности на челниците од власта. Нема ниту естетска, ниту културна ниту пак идентитетска вредност, а служи само како позадина за сликање на исселениците од прекуокеанските земји. Може и не треба да се руши, затоа што за 4/5 години ќе почне самиот да се распаѓа, но дислокација на спомениците мора да се направи. Дајте архитекти, направете еден интернационален конкурс, поканете го Kevin McCoud да ви помогне ако треба…..
Najgrdoto neshto sto mu se desi na Skopje e proektot 2014.Blago recheno KATAKLIZMA!!
RESPEKT ZA GOSPGJA DUSHANKA.
RESPEKT ZA GOSPOGJAPGA DUSHANKA.
Ps.Gospogja.
Estetika laznog identiteta mora da se svede, kad se ‘izduva’ kapric netalentovanih I pseudoobrazovnih skorojevica koji su kao glavna snaga izmislili taj svet kica za sebe; dakle sve se to svede na kulise jedne promasene predstave u kojoj ce se, u zavrsnici, narodu ispostavitu racun i bankrot. Zalim Makedonski narod, kao I moj Kosovski, sto tu nece biti kraj jer historija ne prasta zablude. A vreme ispostavlja sve teze i teze zagonetke i zahteve.