Евтиниот природен гас ги поттикнува кинеските камионџии и другите возачи да се префрлат на возила што работат на ова гориво, генерално намалувајќи ја побарувачката на земјата за нафта и придонесувајќи за катастрофален пад на продажбата на еден од најголемите светски производители на камиони, пренесува Фајненшл тајмс.
Додека брзото усвојување на електричните возила во земјата е во центарот на вниманието, кинеската транспортна индустрија исто така претрпува значителни промени.
Аналитичарите велат дека брзиот раст на бројот на камиони на природен гас, особено на тешките возила со носивост од 14 тони или повеќе, и помогна на Кина да ја надмине максималната побарувачка за дизел гориво пред предвиденоиот рок и да се приближи до максималната потрошувачка на нафта.
Веќе сега, оваа промена значи значително намалување на потрошувачката на фосилни суровини и горива, што ги збуни аналитичарите ширум светот. Наскоро Кина речиси целосно ќе се откаже од нафтата и дизелот.
Преминувањето на камиони на природен гас му помага на Пекинг да ја ублажи загриженоста за безбедноста во ооднос на увезената нафта. Кина увезува околу три четвртини од ресурсите што и се потребни, првенствено од Русија и Саудиска Арабија, во споредба со 40 отсто за природен гас. Транзицијата исто така придонесува и за напорите на владата да ги исчисти загадените градови.
Wayne Fung, експерт за логистика во CMB International, вели дека кинеските купувачи на камиони избираат ТНГ наместо дизелот бидејќи е поевтин, моментално за 23 отсто. Кинеските цени на ТНГ останаа ниски поради големото домашно производство на гас во земјата и зголемените количини на гас од Русија, Туркменистан и Мјанмар.
Оваа тенденција силно го погоди одделението на германската компанија Daimler Truck, која беше фокусирана на подобрување на дизел моторите и развој на електрични и водородни мотори во иднината.
„Побарувачката за дизел го достигна врвот порано отколку што очекувавме“, рече Sun Yang, аналитичар за течен природен гас во OilChem, кој проценува дека ова се случило уште во 2018 година. „Брзината со која ТНГ го замени дизелот во тешките камиони беше многу голема. ”
Аналитичарите на инвестициската банка CICC изјавија во септември, дека потрошувачката на дизел гориво во Кина се предвидува да падне за 4% оваа година и ќе продолжи полека да паѓа во наредните години.
Флотата на камиони на природен гас ќе направи непотребни околу 9,2 милиони тони дизел гориво во 2024 година, што е еквивалентно на 4% од минатогодишната побарувачка. Очигледно е дека ваквата ненадејна и сеопфатна транзиција ќе се одрази на локалните рафинерии за нафта, чија ситуација ќе стане уште потешка.
Вистинската револуција во товарниот транспорт овозможи да се објасни остриот пад на увозот на нафта во Кина оваа година, што исплаши многумина.