Насловна / Вести / Зошто Франција инсистира на нуклеарките?

Зошто Франција инсистира на нуклеарките?

Веќе со недели Франција, како и други европски земји се справува со високи температури. Во многу региони има недостаток на вода за пиење, а чести се и шумските пожари. Овој топлотен бран е сериозен проблем и за француските нуклеарки. Околу една петтина од 56-те нуклеарни реактори во оваа земја во вакви услови би требало да го запре производствоти или барем да го сведе на минимум. Причината е негативното влијание врз животната средина бидејќи испуштањето во реките на загреаната вода која се користи за ладење во електраните има повисока од пропишаната температура. Но, француската влада ги суспендира овие прописи до 11-ти септември.

npfrance1

Очигледно владата била принуден на ваква мерка, меѓу останатото и затоа што веќе неколку месеци повеќе од половината од француските нуклеарки не работат – поради планирани и непланирани работи на одржувањето. Нуклеарките во Франција во нормални околности се заслужни за покривање на околу 70% од тамошните енергетски потреби. Тоа е рекорд во светот, а моменталните проблеми не би требало да ја доведат во прашање таа национална стратегија, иако кај многумина предизвикува негодување.

„Поради горештините, во моментот протокот на вода низ Гарона е значително намален, во споредба со нормалните околности. Нуклеарната централа „Голфеш“ ја користи водата од Гарона за ладење. Еден дел испарува, па во реката се враќа помалку вода, а сега таа е и позагреана од претходно. Така реката дополнително се загрева, а тоа ги уништува и микроалгите. Тие се храна за поголемите риби. Комплетниот ланец на исхрана ислегува од рамнотежа“, велат од француската невладина организација FNE86.

T

Франција планира и пуштање во погон и додатни EPR реактори од новата генерација, но и кај нивната изградба постојат бројни проблеми. Единствениот француски EPR реактор се наоѓа на сееверот, се гради во Фламанвил. Досега тој според наводите на компанијата EDF, чинел 13 милијарди евра. Тоа е четири пати повеќе од планираното. Според податоците од националната Канцеларија за ревизија, трошоците во меѓувреме достигнале 19 милијарди евра. Пуштањето во погон е предвидено за следната година, десет години после првобитниот рок.  И кај изградбата на EPR реакторите во Велика Британија, Кина и Финска, судејќи по извештаите, има компликации.  Но без оглед на проблемите, Франција има резервирано 150 милијарди евра – за одржување на постоечките и за изградба на нови нуклеарки. Франција е единствената европска земја која не ги остварила целите по прашањето на обновливите извори на енергија за 2020 година: било планирано тие да сочинуваат 23% во енергетскиот микс, а во реализирано е само 19% во вкупно произведената енергија.

 

Испрати коментар

Scroll To Top