Насловна / Вести / Зошто електричните половни автомобили не ја држат цената како класичните

Зошто електричните половни автомобили не ја држат цената како класичните

Со сите најави дека на автомобилите на класичен погон почна да им истекува рокот во Европа, еден германски портал за продажба на автомобили неодамна објави информација дека електричните половни автомобили многу помалку држат цена од автомобилите на бензин и дизел. Електричен автомобил стар три години задржува 50,7 отсто од цената на нов, бензинец 55,1, а дизел автомобил 59,2. Е – автомобили постари од три години брзо ја губат цената, неспоредливо повеќе од класичните, дури до тој степен што за нив нема купувачи, па сопствениците на крајот се одлучуваат за рециклажа.

e1

Лесно е да се погоди која е причината. Прво, технологијата за електрични автомобили брзо се развива и возило старо три години веќе заостанува зад новите автомобили во однос на брзината на полнење, а второ, и што е многу посериозен проблем за сите идни сопственици на електрични автомобили, просечните возила имаат работен век на батеријата од 150.000 километри. После тоа, производителите повеќе не гарантираат, а нејзиниот домет почнува брзо да паѓа. Колку, сето тоа зависи од многу параметри, како што се употребата на електричното возило, начинот и бројот на полнења… Батеријата има свој век, а замената и понатаму е голем трошок.

e2

Изнесеното искуство на еден Германец кој купил користен електричен „форд фокус“ ​​за 12.000 евра, кој по половина година престанал да се полни, навистина одекна на социјалните мрежи и многу се коментираше. Овластениот сервис му понудил да му вгради нова батерија за 14.000 евра или да го откупи „фокусот“ за 500 евра.

Големо влијание има и фактот што електричните возила се и до 50 отсто поскапи од исти такви класични. Сајтовите за продажба на половни, електричните автомобили ги огласуваат со цената на месечната рата на кредитот за да биде попримамливо, па мамката од на пример 400 евра е попривлечна од цената од 40.000 евра.

e3

Единствено што може да ги утеши сопствениците на електрични возила е фактот што најчесто ги купиле со државни субвенции, со што се ублажува загубата на дел од вложените пари.

Минатата година секој десетти нов автомобил купен во Европа бил електричен, покажуваат податоците на Асоцијацијата на европски производители на автомобили.

Испрати коментар

Scroll To Top