Насловна / Вести / Зоран Попоски со видео на фестивалот „Гиф“ во Португалија

Зоран Попоски со видео на фестивалот „Гиф“ во Португалија

videopoetry_proekt

Видео проект од македонскиот дигитален уметник Зоран Попоски ќе бидe прикажан на фестивалот „Гиф – Енконтро де артес визуаис“ во португалскиот град Вила Риал на 17 ноември 2014 година.

Попоски се претставува со видео кое е дел од меѓународниот видео проект Видеопоезија, кураторски проект на Марио Гутиерез Кру (Португалија). Проектот претставува избор од најдобрите дела од седумгодишната историја на интернационалниот видеоарт фестивал ПРОЈЕКТОР, а во него покрај Попоски учествуваат и Маја Ватанабе (Перу/Шпанија), Ники Енрајт (Еквадор/САД), Анди Сторшенегер (Германија), Габ Маркондес (Бразил), Иван Едеза (Мексико) и др. Видео проектот годинава беше прикажан на фестивали во Коимбра (Португалија) и Буенос Аиерс (Аргентина).

Зоран Попоски (р. 1974, Скопје) магистрирал уметност во нови медиуми, а докторирал студии на културата. Има реализирано повеќе од 60 меѓународни изложби. Негови јавни уметнички проекти се презентирани на ЛЕД екрани, постери и билборди во Њујорк, Скопје, Даблин, Хонг Конг, итн. Во своите видеа, перформанси и дигитални графики, Попоски ги истражува прашањата на идентитетот, територијата и јавниот простор.

Испрати коментар

Scroll To Top