Насловна / Вести / Зоран Попоски изложува во Словенија

Зоран Попоски изложува во Словенија

Македонскиот ликовен уметник Зоран Попоски, од 8 јули изложува на 14-то издание на меѓународниот фестивал за современа уметност Арт Стејс во Птуј, Словенија, една од водечките платформи за претставување на современата светска уметност во Централна Европа.

Попоски ќе се претстави со цртежи во рамки на главната изложба на фестивалот под насловот „Политика”.Poposki ArtStays 1

Изложбата ќе се реализира на три ката од неодамна реновираниот Доминикански самостан во Птуј, и ќе вклучи дела на најзначајните имиња од современата критичка уметничка продукација, како Алора и Калзадија (преставници на САД на Венециското Биенале), Јанош Шугар, Маја Бајевиќ, Антони Мунтадас, Нам Џун Пајк, итн.

Попоски ќе одржи и јавно предавање за својата уметност како социјална практика, на главниот плоштад во Птуј, на 10 јули со почеток во 18 часот.

Фестивалот ќе се одвива до 16 јули со повеќе од 30 настани на различни локации во Птуј, опфаќајќи над 100 светски уметници. Изложбата ќе биде отворена до 5 септември 2016.

 

Испрати коментар

Scroll To Top