Јавното претпријатие „Градски паркинг“ планира да воведе зонско паркирање во поширокото подрачје на Скопје.
Во инвестициската програма на претпријатието за 2014 година предвидено е годинава да бидат отворени нови 2.131 паркинг-место, од кои за зонско паркирање се 1.261 место. Следните населби што ќе влезат во зонското паркирање, според инвестициската програма, се Автокоманда, Ново Лисиче, Kарпош 1, Kарпош 2, Kарпош 3, Kарпош 4, Kисела Вода, Водно, Влае и Ѓорче Петров, пишува „Дневник“.
Новите населби што ќе станат дел од зонското паркирање ќе бидат во т.н. бела зона, каде што паркирањето е најевтино и чини 15 денари од час. Во црвената е 45 денари, во жолтата 35, а во зелената 25 денари од час.
Претпријатието ќе отвори 210 нови паркинг-места и во третата зелена зона, претежно на улици во Дебар Маало. Ќе има и нови 34 места во втората жолта зона, и тоа на кејот 13 Ноември и на улицата Орце Николов.
апашииииии!!! зошто Kарпош 3, Kарпош 4, Kисела Вода, Водно, Влае и Ѓорче Петров, поентата на зонско паркирање е да се растерети сообраќајо, а не да се заработи пари!!