Знаме со големи димензии на кое е нацртан знакот за „Опасно по живот“ е поставено на ридот зад велешката „Топилница“, оддалечен на три километри од центарот на градот.
Оваа герила акција го искажува револтот од односот на Министерството за eкологија и Општина Велес, од одолговлекувањето на процесот на расчистување на отровниот рид со троската во Велес, објави А1 он.
Целта на акцијата е да се апелира да се отстранат штетните влијанија од депонијата со згура, која со години им создава здравствени проблеми на жителите на Велес.