Akhal-Teke е вид коњ од Туркменистан, каде ова животно е национален симбол. Познат е по својата издржливост и карактеристичното сјајно влакно. Поради својот изглед го носи епитетот „златен“ коњ. Расата е една од најстарите, датира од пред 3000 години. Денес ги нема многу во светот, само 6.600. Повеќето се наоѓаат во Туркменистан и Русија, иако се распространети и во Европа и Северна Америка.
Многу се издржливи и прилагодливи на екстремни услови за живот, како и секој типичен номадски коњ, а покрај тоа, тие се многу тврдоглави и се приврзани само за еден човек.
Легендата вели дека Akhal-Teke секогаш се врти кон Сонцето и дека е најсреќен кога е изложен на неговите зраци. Тогаш овие коњи стануваат синоним за елеганција, кога нивното влакно сјае на Сонце, давајќи им единствен изглед на „златен коњ“.
За убавината на овие коњи доволно зборува и податокот дека еден од нив (силката горе) е прогласен за најубав коњ на светот во 2012 година . Бидејќи изгледа нереално, на Интернет се појавија бројни коментари за тоа дека е фотошопирана сликата и дека таков коњ воопшто не постои.
Туркменистанците со селекција успеале да создадат прекрасно грло, чие влакно необично сјае, бидејќи фоликулата на влакното е различна од онаа кај другите коњи. Нивната фоликула не е толку темна и непроѕирна, туку транспарентна и фаќа повеќе светлина, поради што настануваат овие прекрасни и нестварни бои.