Насловна / Градежништво / Златна брановидна фасада на нов хотел во Швајцарија

Златна брановидна фасада на нов хотел во Швајцарија

златна брановидна фасада_1

Познатиот монденски ски-центар Давос во Швајцарија неодамна доби нов хотел со многу интересна фасада, за која многу експерти изјавиле дека е „неизводлива“.
Едноставно, обликот на хотелот „ИнтерКонтинентал“, чиј проект е потпишан од страна на студиото Оikos, не бил случајно избран. Неговиот облик е инспириран од боровата шишарка која може да се најде насекаде во алпските шуми.златна брановидна фасада_5
„Земајќи го предвид планираниот буџет и високите барања, многу експерти тврделе дека таква фасада е невозможно да се реализира“, вели архитектот Oliver Hofmeister. Сепак, испадна дека не биле во право.
Брановидните делови меѓусебно се преклопуваат и на тој начин го креираат заоблениот изглед на фасадата, а истовремено создаваат отвори околу балконте за 216 соби и 38 резиденции.

златна брановидна фасада_6
Над 790 панели монтирани се на мрежест носач направен од примарни и секундарни ребра кои се искривуваат во три димензии. Преку носачот е поставен тримилиметарски лим со метална облога во златна боја. Од употребата на алуминиумот се откажале инвеститорите поради тоа што бил поскап и помалку отпорен на собирање по должина за време на температурните промени.
Панелите се произведени во Чешка и потоа биле транспортирани со камион во Давос.
Ентериерот на новиот десетокатен хотел е направен од страна на шведската фирма Living Design, а посебен куриозитет на овој објект е спа-центарот на 1.200 квадратни метри.

златна брановидна фасада_4 златна брановидна фасада_3 златна брановидна фасада_2 златна брановидна фасада_7

Испрати коментар

Scroll To Top