Нови зимзелени и листопадни декоративни растенија на новата зелена оаза на Водно, на улицата „Питу Гули“.
На површина од 600 метри квадратни, општина Центар засади зимзелена магнолија Grandiflora и шест листопадни чадорести дрва Albizia julibrissin, кои во текот на сончевите летни денови ќе ја покажат сета раскош со своите цветови.
Околу двесте декоративни зимзелени и листопадни грмушки ќе ја стабилизираат косината. Со својата различна структура и колорит, внесуваат динамика и живост на локацијата во секој дел од годината, а со развој и ширење на садниците се прави компактен и згуснат пејсаж.
На целата локација поставен е автоматски систем за полевање. Околу овој зелен појас, општина Центар ги реконструира и тротоарите.
Во непосредна близина, општина Центар веднаш продолжува со разубавување на две нови локации, односно кај поранешна КТК и кај поранешната голема самопослуга на „Славија“.