Насловна / Вести / Зимските олимписки игри во Пекинг ќе бидат климатски неутрални

Зимските олимписки игри во Пекинг ќе бидат климатски неутрални

Организациониот комитет на олимписките и параолимписките игри во Пекинг 2022 година, истакна дека очекува игрите да бидат јаглеродно неутрални. Комитетот го објави Извештајот за управување со ниски емисии на јаглерод пред игрите во Пекинг 2022, во кој детално се наведени мерките за управување со емисиите.

Дваесет и четвртите Зимски олимписки игри запчнуваат денес (4-ти февруари) и ќе траат до 20-ти февруари 2022 година. Меѓународниот олимписки комитет (МОК) нагласил дека иако постои барање сите Олимписки игри после 2030 да бидат јаглеродно неутрални, има намера да ги обврзе организаторите во иднина игрите да бидат и „климатски позитивни“. Од организаторите ќе се бара да ги намалат директните и индиректните емисии, и да надоместат и за претходните градови домаќини, како и да креираат трајни решенија за нулта емисија за игрите после нив. МОК вели дека до 2030 година ќе го преполови својот јаглероден отпечаток и ќе засади Олимписка шума која ќе стане клиамтски позитивна во 2024 година. Олимпиското движење вклучува 206 национални олимписки комитети. МОК истакнал пет начини на кои Пекинг 2022 ќе станат јаглеродно неутрални.

beijing1

 

Имено, Пекинг е првиот град на светот кој бил домаќин и на летни и на зимски олимписки игри, па реконструкцијата на постоечките објекти влијаела на намалување на јаглеродниот отпечаток. Пет од седум спортски борилишта во натпреварувачката зона се изградени за летните игри во 2008 година. Тука спаѓа и националниот стадион „Птичјо гнездо“, за церемонијата на отворање и затворање на игрите. Сите објекти во кои ќе се одржуваат натпреварите ќе се напојуваат со енергија од обновливи извори. Новите објекти се изградени по стандардите за енергетска ефикасност – од користењето на водата до изолацијата. За првпат во олимписката историја, 100% од конвенционалните потреби од електрична енергија на сите локации се обезбедени од обновливи извори на енергија.

beijing2

beijing3

 

Во рамките на олимписката зона сообраќајот ќе се одвива со електрични возила и возила на природен гас. На четирите „ледени места“ ќе биде користена технологија на ладење која има речиси нула емисии, а се одликува и со поголема енергетска ефикасност. Со тоа се за прв пат на едни олимписки игри се заменува упоребата на флуороводородите како традиционален начин на подготовка на лизгалиштата. Јаглеродните понори (carbon sinks) во проектите за пошумување би требало да ги надоместат минималните емисии на јаглерод од игрите.

beijing4

 

Испрати коментар

Scroll To Top