Насловна / Архитектура / Жолтите ленти за социјално дистанцирање, нов архитектонски елемент?

Жолтите ленти за социјално дистанцирање, нов архитектонски елемент?

Држите растојание од два метра! Но, како на луѓето да им се обрне внимание на растојанието кога се на отворено? Изгледa дека лентите во жолта боја ќе станат лек за оваа криза.

z5

За да се прилагодат што подобро на социјалната дистанца, жителите на Сингапур користат леплива трака за да ги разграничат јавните површини, кафе-баровите и трговските центри. Меѓутоа ненамерна „нуспојава“ на овие мерки е дека жолтата леплива трака станала некој вид архитектонски елемент, пишува This Is Colossal.

z1

Па така на пример големи кружни налепници претставуваат места на кои би требало да се стои и чека на ред.

z2

Клупите и скалите во јавни простори кои се предвидени за седење, јасно се поделени со ленти за да се обезбеди препорачаната дистанца. Со лепење на траки во форма на биуквата „Х“, обложени се маси во кафе-барови кои не се користат за да се направо дистанца, но и седење во јавен простор кое се прескокнува од истата причина.

Со лепење на ленти во јавниот простор креирани се форми кои во одредена мера го трансформирале просторот.

z3 (1)

z3

Испрати коментар

Scroll To Top