При уредувањето на модерните ентериери најчесто се бираат неутрални бои. Иако целокупниот изглед може да биде мошне шик, треба да се внимава целосниот впечаток да не биде во целост стерилен. Неколку детали и живи бои, секако, може да го оживеат ентериерот и да внесат интересни промени. Дизајнерите од студијата Yo Dezeen, Аva Studio, mg design и AR studio покажале на примери како одредени елементи во жолтата боја може убаво да се вклопат во модерните ентериери.