Насловна / Архитектура / „Животот, слободата и потрагата по иднината“- Павилојонот на САД на Експо 2020 Дубаи

„Животот, слободата и потрагата по иднината“- Павилојонот на САД на Експо 2020 Дубаи

На Експо 2020 Дубаи, Соединетите Американски Држави го слават „Животот, слободата и потрагата по иднината“. Оваа моќна тема ја одразува посветеноста на Америка за промовирање на просперитет, можности и иновации на глобално и домашно ниво.

0_resize

Павилјонот на САД ги прикажува американските идеали, претприемништво и иновации. Сместен во зоната Al Forsan (Северен парк), павилјонот е совршено лоциран за да ги открие сите чуда на Експо 2020 Дубаи.

1_resize

Архитектонското биро со седиште во Колорадо, Fentres Architects, е проектант на павилјонот на Соединетите Американски Држави за Дубаи Експо 2020 година. Проектот е развиен со конзорциумскиот партнер Big Things Group, светски лидер во градење, финансирање и управување со големи изложби и настани за јавна дипломатија.

Screenshot 2021-11-30 102243_resize

Павилјонот претставува здружување на водечка американска архитектура, искуство, комуникации, јавна дипломатија, академски и финансиски менаџмент и компании, за собирање средства кои се собрале за да го финансираат, проектираат, изградат, управуваат американскиот павилјон на Експо 2020 Дубаи. Павилојонот е избран на конкурс на национално ниво од Стејт департментот на САД.

2_resize

Во заедничката изјава дадена од претседавачот Frederick M. Bush и Gregory D. Houston, извршен директор на Павилјонот, раководството вели: „Овој павилјон овозможува единствена платформа за нашата нација да се собере за да го прикаже најдоброто од нашите културни и комерцијални достигнувања. Посветени сме на внимателно и одговорно управување со павилјонот кој го вклучува светот со неверојатната разновидност и иновации што ги дефинираат Соединетите Американски Држави“.

03_resize

За време на отварањето, Curtis W. Fentress од Fentress Architects го сподели своето гледање на проектот: „Денес гледаме на Експо што се однесува на мобилноста, движењето, патувањето, одржливоста – работи кои се многу важни за светот сега. Овој објект го проектиравме со кружна форма со косини формирани да предизвикаат чувство на движење, правејќи го гледачот да се чувствува како да се движи самиот објект. А потоа, штом ќе влезете внатре, се отвора за она што го претставуваат Соединетите Држави. Ние сме отворена, достапна земја каде што можете да живеете создавајќи идеи. Ги прикажува сите работи што ги правиме во Америка: развивање технологија и концепти кои ќе нè движат напред во иднината. Проектирање на ваков павилјон е огромна одговорност – што ја сфативме многу сериозно – бидејќи ќе ги прикажеме Америка и американските идеи на милиони луѓе кои се очекува да го посетат Експо“.

06_resize

Посетителите се носат на патување низ првите четири главни изложби преку подвижна патека низ павилјонот. Овој транспортен систем со голем капацитет обезбедува уникатно искуство кое е инклузивно за сите возрасти и способности. Посетителите имаат можност да посетат повеќе изложби: Темелите на слободата, Американски иновации, Генерација на иновации, Небото повеќе не е граница, Прекрасната Америка, Истражете ги САД, Liftoff.

00_resize

07_resize

Изложбата Liftoff прикажува како напредуваат САД во вселенскиот сектор за да ја направат вселената достапна за сите. Во рамки на оваа изложба Американскиот павилјон го прикажува највисокиот експонат на Експо 2020 – реплика на ракетата SpaceX Falcon 9 во размер еден на еден. Ова е првата ракета од орбитална класа способна за повторен лет. Falcon 9 е оперативна ракета со најмногу летови во Соединетите Држави, која ги претекнува потрошните ракети кои се лансирале со децении.

02_resize

010_resize

05_resize

08_resize

09_resize

 

Испрати коментар

Scroll To Top