Софија Лагерквист и Ана Линдгрен од Шведска се сопственички на дизајнерското студио „Фронт“ со седиште во Стокхолм. Развиваат интересни дизајнерски парчиња за брендови ширум светот, а некои од нив ги претставуваат во Galerie Kreo во Париз и Friedman Benda во Њујорк. Нивната работа може да се најде во колекциите на Музејот за дизајн Витра, МоМА Њујорк и музејот Викторија и Алберт во Лондон.
„Животните кои одмараат“ се резултат на истражувачки проект на „Фронт“, кој се фокусира на блиската врска помеѓу луѓето и фигуративните предмети. Дизајнерското дуо замолило случајно избрани луѓе да ги идентификуваат најзначајните предмети во нивниот живот и оние најбогати со емоции. Се покажало дека најголемиот дел од одговорите биле фигури за кои сметале дека имаат личности, специфични атрибути или заедничка историја, а тоа се животните. Претходната работа на „Фронт“ била посветени на систематско набљудување на тоа како разни животни спијат или хибернираат.
Оваа фасцинација од нивното истражување го инспирирала нивниот дизајн на група суштества кои дремат – „Животни кои одмараат“ – чии пози зрачат со смирувачко спокојство, а тоа се мечка, мачка и птици.
Најголемата фигура е платнена мечка, која може да се користи за различни функции, како што се табуретка, отоман или наслон за грб. Помалите дизајни се украсни керамички фигури кои прикажуваат мачка и две птици во различни големини.
Животните кои се одмараат не само што внесуваат допир на природата во домот; нивното мирно присуство оди подалеку од визуелното за да пренесе чувство на задоволство и дружење.
Овие фигури ги произведува Витра и достапни се за нарачка онлајн.