Архитектонското студио Vo Trong Nghia Architects во Виетнам осмисли како да се зачува природата од загадување на воздухот и да се потсети на прекрасните тропски шуми уништени од урбанизмот.
Имено, во градот Хошимин само 0,25 проценти од површината е покриена со зеленило, а со цел да се промени таквата состојба, овие архитекти го претставиле проектот House for Trees во кој покривите на куќите служат како тегли од кои растат тропски дрвја. Секоја куќа е различна, а интересна информација е како овој проект штити и од поплави за време на бурите.
Инаку, овој проект е добитник на категоријата „Дом“ на овогодишниот Светски фестивал на архитектурата во Сингапур (WAF), кој секоја есен собира архитекти, инвеститори и производители на материјали и технологии од цел свет.
Поточно, поставената земја ја апсорбира водата и на тој начин го спречува нејзиното истекување. Со сето ова, жителите на овие куќи уживаат во здравиот и романтичен амбиент.