Со уникатен визуелен ефект, њујоршката уметница Кејт Шеферд нанесува деликатни линии во маслена боја во форма на нишки врз високо заситените слоеви на емајл, специјална техника што се преферира во последните неколку децении.
Создавајќи прекрасни спарувања меѓу просторот, линијата и формата, елегантниот мебел на секое ниво од изложбениот салон се рефлектира назад во сјајните површини на сликите. Гледачите исто така можат да се видат себеси во делата додека стојат блиску до површината, гледајќи и размислувајќи за сопственото постоење. Боите се основни за мене и тие произлегуваат од моите невербални емоции“, вели уметиничката.
Претставувани од престижната галерија Лелонг, делата на Шеферд може да се најдат во големите музејски уметнички збирки низ светот, вклучително и Музејот на уметноста во округот Лос Анџелес и колекцијата Филип. Од создавањето на Лиаигре во 1985 година, неговиот однос со уметноста и антиквитетите е важен начин за споделување искуства. Силно верувајќи во хармонијата создадена меѓу архитектурата, мебелот, уметноста и предметите, Лиаигре редовно нарачува уметници за своите изложбени салони ширум светот.
Уметноста, се разбира, секогаш се цени, бидејќи таа е дел од секојдневниот живот.
Автор: Сања ВЕЛКАКОВА