Насловна / Архитектура / Жителите на Токио наскоро ќе бидат погребувани во „облакодери“ од балони

Жителите на Токио наскоро ќе бидат погребувани во „облакодери“ од балони

Архитекти од Кина, осмислиле „облакодери“ од балони во коишто ќе бидат положувани мртовечки ковчези, а кои со време ќе одлетат.

Архитектонската организација arch out loud, го претстави победникот на меѓународниот натпревар за вертикални гробишта во Токио, кои би требало да одговорат на проблемот на недостаток на површини за погреби. Судејќи по победничкото решение, наместо во земја, јапонците наскоро ќе бидат погребувани во „облакодери“, со цел да се спаси она малку земја, која Јапонија ја поседува.oblakoderi-od-baloni-1

Предмет на конкурсот била локацијата во областа Шињуку, каде што учесниците требале да направат решенија за вертикални гробишта не само во духот на градот, туку и во однос на толкувањето на смртта во Јапонија.oblakoderi-od-baloni-5

На натпреварот пристигнале 460 дела од 54 земји, но жирито избра едно победничко и три второпласирани решенија, пренесува ArchDaily.oblakoderi-od-baloni-3

Победничкото решение насловено Death Is Not The End го потпишуваат кинеските архитекти Wei Li He, Wu Jing Ting Zeng, Zhi Ruo Ma и Kui Yu, кои го дизајнирале „облакодерот“ од балони.oblakoderi-od-baloni-2

Нивната идеја е ковчегот со покојникот да биде складиран во балон кој со време ќе одлета. Појавувањето и исчезнувањето на балоните треба да потсетува на минливоста на животот.oblakoderi-od-baloni-4

Испрати коментар

Scroll To Top