Жителите на Тафталиџе поведоа иницијатива која ја крстија „Зелено Тафталиџе“ и се залагаат против бетонизација на парковите, односно да не се гради згради на и така малкуте останати паркови во познатата скопска населба.
Од таму велат дека бараат и увид на градежната дозвола за изградба на зграда во еден од парковите и апелираат до општинскиот татко да го спречи истото градење.
Тие апелираат дека ваквиот начин на брза и непланска урбанизација ќе ја уништи флората во општината и ќе го наруши идеалниот начин на живот меѓу граѓаните.
Жителите имаат отворено и фејсбук група (клик тука) на која може да се приклучи секој кој сака да и помогне на нивната иницијатива.
„Воопшто не е тешко да се соберат луѓе за жив ѕид во паркот оти тие тука живеат. Пензионерите се на клупите, децата на лулашките. Само едно преспивање дома ги дели од паркот. Штом ќе станат, повторно се надвор и сега некој сака да им го одземе тоа. Имаме и осумдесетгодишни луѓе подготвени деноноќно да го чуваат парчето зеленило“, велат од „Зелено Тафталиџе“.