Насловна / Вести / Жителите на Лагадин со петиција против изградба на хотел

Жителите на Лагадин со петиција против изградба на хотел

Жителите на Лагадин покренаа петиција против изградба на голем хотел непосредно до езерскиот брег, информира OhridNews.

Тие укажуваат дека хотелот ќе биде има шест ката и покрај тоа што во новоименуваното село Лагадин дозволена е градба со висина од максимум 10.5 метри.

Хотелот се наоѓа на растојание помало од 50 м од водостојот на езерото, што е недозволен појас за тврди градби заштитен со закон. За изградба на хотелот е донесено незаконско одобрение без согласност на Mинистерството за животна средина и Министерството за транспорт и врски. Веќе започнатата градба не ги исполнува и другите услови во однос на писмена согласност од првите комшии чиј имот се узурпира.lagadin

За изградба на хотелот не е реализирана консултација со јавност ниту има направено стратешка оцена за влијание врз животна средина. – стои во прогласот за петицијата на жителите на Лагадин.

Тие укажуваат дека Лагадин нема добар проток на возила, ниту паркинг места, а голем проблем е и водоводната мрежа и неисправниот колекторски систем.

Oнлајн петицијата ја покрена еко движењето Охрид СОС и ќе биде доставена до општината Охрид, Неа до вчера ја имаа потпишано речиси четиристотини луѓе. Таа нема правна тежина, но жителите на Лагадин најавија дека засегнатите граѓани ќе поднесат поединечни тужби. Апелираат до општина Охрид да се откаже од изградбата на хотелот, најавувајќи дека случајот ќе го тераат до крај.

Од општината на обвинувањата кусо одговараат дека започнатите градежни активности во Лагадин за изградба на хотел се одвиваат согласно законот.

Испрати коментар

Scroll To Top