Насловна / Вести / Жителите на Карпош бараат зонско паркирање

Жителите на Карпош бараат зонско паркирање

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев во изјава за „Слободен печат“ вели дека во општината дошла иницијативата за зонско паркирање од граѓаните на Карпош 1 и Карпош 2.

цити_resize

„Повеќе стотици потписи дојдоа до мене а исто така има испратено и до ЈП „Градски паркинг“. Граѓаните бараат да се регулира паркингот за да може полесно да најдат место во околината на нивните домови. Претпоставувам дека една од причините поради кое е е дојдено ова е бидејќи „Рузвелтова“ е граница помеѓу општина Карпош и општина Центар, но исто така помеѓу платен и бесплатен паркинг. Па така имате луѓе кои работат во ПУИК, во поранешното СЈО, во Зоолошка, кои се наоѓаат во општина Центар а сепак паркираат од страна на Карпош, бидејќи паркингот е бесплатен“ – констатира Богоев.

Тој додаде дека во Карпош 2 проблемот се создава кај поранешно МИ-ДА, делумно поради луѓе кои работат а не живеат таму, но и поради студенти кои доаѓаат со нивните возила.

мидда1_resize

Ние би додале и поради лошто и нестручно урбанистичко планирање, сведено само на квадратни метри, без планирање на сите неопходни содржини кои треба да се предвидат, како што е и овозможување соодветен број паркинг места.

Анкетирањето на граѓаните од Карпош 1 и 2 ќе започне од среда.

Испрати коментар

Scroll To Top