Илјадници жители на регионите Западна Македонија во северна Грција и Мегалополис на полуостровот Пелопонез, ќе имаат можност да станат сопственици на обвзници од државната компанија за производство на електрична енергија PPC. коомпанијата соопштила дека 5% од изградбата на соларни електрани со вкупна моќност од 2,5 GW, има намера да ги финансира со пласирање на обврзници кои ќе можат да ги откупат исклучиво жителите на наведените подрачја. Грција има намера да престане да користи јаглен во 2025 година. Населението во областите чија економија силно се потпира на јагленот, ширум Европа се соочуваат со губење на работните места, бидејќи Европската Унија сака да стане јаглеродно неутрална до 2050 година. Меѓутоа, со овој потег грчката компанија сепак ги занемарува оние кои се најпогодени – лицата и семејствата кои не ќе можат да одвојат за обврзини по илјада евра, колку што чини една обврзница. Тоа води кон заклучокот дека нудењето на ова партнерство на локалното население во поделба на профитот, ќе доведе до уште поголема нееднаквост.