Чешката фотоволтаична асоцијација (Česká fotovoltaická průmyslová asociace – CZEPHO) соопшти дека тропските жештини последните денови во Чешка ја намалиле моќноста на соларните централи и до 10%. Причина за тоа е сушата, но и прашината што паѓа на фотоволтаиците и ја намалува нивната ефикасност. Заклучокот на CZEPHO е дека за идеална работа на централите одговара ладно, ведро време и интензивно сончево зрачење. Доколку жештините продолжат, се очекува слична ситуација како и минатата година, кога вкупното производство од соларните централи забележа намалување од 5%.
Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Жештините и сушата го намалуваат производството од соларните централи во Чешка