Насловна / Вести / Жерновски: Контејнерите се во надлежност на Град Скопје, состојбата е застрашувачка, ги бараме ингеренциите во наши раце

Жерновски: Контејнерите се во надлежност на Град Скопје, состојбата е застрашувачка, ги бараме ингеренциите во наши раце

Советникот од СДСМ, Билјана Чурилова, на седницата за советнички прашања укажа дека граѓаните реагираат на сметот и нехигиената околу контејнерите во општина Центар.

Градоначалникот на општина Центар потенцираше дека контејнерите се во надлежност на град Скопје и дека и тој е гневен на колегите од Град Скопје, бидејќи и покрај многуте апели и барања до градоначалникот Коце Трајановски, не се презема ништо, а состојбата е катастрофална.kontejneri-4

„Граѓаните со право реагираат за катастрофалната и застрашувачка состојба со контејнерите, но многумина од нив не знаат дека тие се во надлежност на Град Скопје, т.е. за нив треба да се грижи ЈП  ‘Комунална хигиена’, кое е јавно претпријатие на градот. Веќе се сомневам дека од страна на ‘Комунална хигиена’ намерно не се чисти во општина Центар, за да се создаде впечаток дека виновна за тоа е општината, а не Град Скопје. Од градоначалникот Трајановски добив одговор дека така е и во другите општини, што не е ниту оправдување, ниту пак со ова се согласуваме. Затоа, општина Центар е подготвена надлежноста за контејнерите да ја преземе во свои раце“, рече градоначалникот Жерновски.kontejneri-3

Жерновски пред три недели упати апел до градоначалникот Трајановски да се среди хаосот со преполнетите контејнери. Побара Трајановски да го повика на одговорност директорот на ЈП „Комунална хигиена“, бидејќи, посочи дека, хаосот со преполнетите контејнери е неиздржлив.kontejneri-2

„Сите граѓани на Центар плаќаат пари за да имаат чиста околина, а не депонии пред своите домови. Контејнерите се во надлежност на ЈП ‘Комунална хигиена’, односно Град Скопје. Имаме безброј вакви случаи во нашата општина, барам веднаш да се преземат мерки и санкции“, апелираше градоначалникот на општина Центар до градоначалникот на Град Скопје.kontejneri-1

Оттогаш, не е преземено ништо и затоа Жерновски и на седницата за советнички прашања, пред сите советници, посочи дека општината е подготвена и бара овој проблем да биде префрлен во надлежност на општина Центар.

Испрати коментар

Scroll To Top