Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, по средбата со жителите кај пaзарчето Буњаковец во Дебар Mаало, соопшти дека бензинска пумпа во новиот ДУП Дебар Mаало нема да има.
„На вчерашната средба жителите кои се непосредно до пазарот Буњаковец се согласија со предложениот ДУП, но поголемиот број не се согласија. Сведоци сме на грубите дезинформации на дел од медиумите. Јас ќе ја испочитувам желбата на центарци. На следната седница јас ќе предложам ДУП за Дебар Mаало без бензинска пумпа со пазарче од затворен вид“, рече Жерновски.