Секогаш можеме да го искористиме нашиот простор и да направиме од него пријатно место за живеење. Со користење на одредени трендовски елементи, дневниот простор може да се трансформира во комфорен простор. Овој стан е дело на рускиот дизајнер на ентериери Станислав Борождински.
Во овој простор како најчести нијанси на мебелот и другите елементи од ентериерот се јавуваат кремастата и бојата на зобена каша, како и црната боја.
Целиот простор се карактеризира со релативно крупни елементи, како лустери, седечка гарнитура, трпезариска маса и слично, но истовремено овие елементи се така обработени што му даваат на овој простор посебна нежна и женствена елеганција.
Особено ова е видливо и впечатливо во спалната соба, но истото не недостасува и во дневниот простор ниту пак во бањата.