Насловна / Архитектура / Жените кои ја изградија Југославија

Жените кои ја изградија Југославија

Во Музејот на модерна уметност (MoMA) во Њујорк во рамки на изложбата „Towards a Concrete Utopia: Architecture in Yugoslavia 1948-1980“, период после Втората светска војна па се до смртта на Тито, особено внимание од излагачите добиле жените кои твореле и граделе токму во тој период.
Положбата и улогата на жената во архитектурата во тој период во голема мера биле условени од ситуацијата во општеството на повоенета земја. Неколку години по завршување на војната жените законски добиле рамноправен статус во однос на мажите. Родовата нееднаквост, технички, повеќе не се сметала за автономно прашање. Но, како што се наведува во опширниот текст на магазинот Мetropolis, во пракса постоел голем дисбаланс, кој ги попречувал жените да напредуваат на раководни позиции, а архитектонската професија не била исклучок. На пример, 1971 година на раководни позиции во архитектурата биле само 10% жени. Поради сите овие причини жените архитекти од овој период ретко и се познати на јавноста.

1

биро „Енергопројект“

Сеопфатното преструктуирање на домашната средина, кое ги опфаќало сите скалила од индивидуалниот стан до целото соседство, ја преокупира повоената генерација архитекти. Токму тој обид за реформирање на домувањето и домашната сфера преку истражувачки проекти, публикации и дидактички изложби, каде што жените практичари често го превземале водството, врз основа на наследството на претходната генерација на жени, навлегле во архитектонската професија по пат на внатрешен дизајн и применетата уметност. На пример, архитекти како Бранка Танциг Новак (1927-2013), која е пионер во дизајнот на префабрикувани кујни, на тој начин го насочи своето внимание кон модернизацијата на домаќинството.

Во продолжение магазинот Мetropolis се фокусира и на останатите жени архитекти кои ооставиле значаен белег со своето работење и творештво.

8

Музеи Македонија

Мимоза Несторова Томиќ (1929) одиграла значајна улога во преуредувањето и реконструкцијата на Скопје по земјотресот во 1963 година. Помагала во Институтот за планирање и архитектура во Скопје, блиско соработувајќи со тимот на прославениот јапонски архитект Кензо Танге при реконструкцијата на градот. Работела на проектот за Музеи Македонија заедно со архитект Кирил Муратовски. Станува и директор на Институтот за планирање и архитектура. Развитокот на нејзината кариера и фактот дека и се припишувани заслуги за работата претставува светол пример во архитектонската пракса на СФРЈ. За жал тоа не може да се каже за денешниот изглед на Скопје, неговиот урбанизам и рушењето на објектот „Беко“, чив автор е токму Мимоза Несторова Томиќ.

3

зградата на „Енергопројект“

Една од најуспешните жени архитекти по војната била Милица Штериќ (1914-1998). Во 1947 година по кратко работење во Министерството за градежништво го надгледува работењето во Одделот за архитектура и урбанизам во државната градежна компанија „Енергопројект“, која била задолжена за многу важни урбанистички проекти во Југославија и во странство. Нејзиното уредно раководење, управувало со сложени геополитички односи на компанијата во Африка и на Блискиот исток. Тоа и овозможило напредок во хиерархијата на компанијата и била на извршно место во Управниот одбор на „Енергопројект“. Станала и помошник директор на компанијата и го проектирала првото седиште на „Енергопројект“ (1956-1960), подоцна Беобанка. Комплекс од 13 катни кули и современа инсталација на ѕидни завеси ги најавила технолошките амбиции на компанијата. Објектот воедно бил и алатка за брендирање на „Енергопројект“. Објектот денес е во лоша состојба, за жал тоа е судбина на бројни објекти настанати во тој период.

6

хотел „Подгорица“

Работата на Светлана Кана Радевиќ (1937–2000), дошла во центарот на вниманието откако нејзиниот проект победил на конкурс за хотелот „Подгорица“ во главниот град на Црна Гора(1964–67). Во 1967 година ја освоила и Сојузната награда на списанието „Борба“ за проектот на хотелот. Објектот го следи брановидниот брег на реката Морача покрај која е поставен. Ѕидовите се од локален речен чакал, ги формираат станбените единици и заедничките простори. Проектот нагласува дека Радевиќ не ги апсорбирала само формалните тенденции на современиот брутализам, туку има и свои особени карактеристики прилагодени на опкружувањето. Во 1972 година добила Фулбрајтова стипендија за дошколување на Универзитетот во Пенсилванија заедно со Луис Кан.
По враќањето во земјата работела на голем број проекти, хотелот „Златибор“ (1875-81), бетонска кула во Ужице, хотел „Палас“ во Мојковац, спомен-комплекси, зграда на Лексиграфскиот завод во Подгорица и многу други. Се школува и во Јапонија и работела и со јапонскиот архитект Kisho Kurokawa во Токио. Во 1994 година избрана е за член од странство на Руската академија за архитектура и градежни науки.

2

хотел „Златибор“

7

хотел „Подгорица“

Еден коментар

  1. Даниела Младеновска

    Одличен текст, браво!

Испрати коментар

Scroll To Top