Политичарите во швајцарскиот град Женева, планираат да донесат регулатива според која би се казнувале возачите на пребучните автомобили, кои ќе се „ловат“ со радари за бучава. Градското собрание планира до крајот на јуни да го определи максималното дозволено ниво на бучава за автомобили, камиони и мотоцикли одделно.
Активистите ги повикуваат градските власти да ја ограничат бучавата на максимални 80dB. Градските власти тврдат дека жителите на Женева страдаат од високите нивоа на загадување на воздухот предизвикано од сообраќајот, а бучавата од сообраќајот е втор најчест облик на загадување во градот.