Изградбата на модерни, дигитализирани железнички мрежи, со директни експресни возови кои ги поврзуваат најзначајните градови во регионот, ќе придонесат за воспоставување на подобра поврзаност, ќе обезбедат посигурен облик на транспорт и ќе овозможат одржливост на животната средина. Ова е препознаено како основен приоритет на документот под името „Посветеност на железницата“ потпишан од страна на министрите за сообраќај во регионот, на првиот Железнички самит на Западен Балкан кој е одржан во Белград. Самитот е одржан во организација на Постојаниот секретаријат на транспортната заедница, Еврпската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој.
Учесници беа министрите за сообраќај од земјите на Западен Балкан и соседните земји, претставници на Европската комисија и професионалци од областа на железничкиот сообраќај.