Веднаш по Втората светска војна, младината од сите краеви на поранешна Југославија со својата доброволна работа учествувала на младински акции организирани за обнова на разрушената земја.
Еден од најголемите градежни дострели е изградбата на железничката пруга Шамац – Сараево во Босна и Херцеговина, за неверојатни осум месеци и четрнаесет дена , акција на која учествувале огомен број младинци со слоганот „Ние ја градиме пругата, пругата не гради нас“.
Железничката пруга Шамац – Сараево во должина од 239 километри, изградена е веднаш по Втората светска војна, од 1. април до 15. ноември 1947. година. На пругата поставени се вкупно 302 километра колосеци, вградени се 288 скретници, девет тунели со вкупна должина од 2.267 метри и 17 мостови. По должина на пругата во 1947 година направени се и 107 станични објекти од кои најголеми се станичните згради во Сараево и Зеница.
Тунелот Врандук, долг 1.534 метри е еден од примерите на човечкиот подвиг во текот на изградбата на пругата. Работите на тунелот почнале на 10. март 1947, а потполно се завршени и низ тунелот е положен колосек на 27. октомври истата година, односно 11 дана пред рокот.
Мостот „Народната младина на Југославија“ преку реката Сава кај Шамац е најголемиот мост на оваа младинска пруга. Долг е 600 метри, а тежината на челичната конструкција е 832.000 килограми.
Пругата ја изградиле 211.381 бригадири распоредени во 887 младински работни бригади. Социјалниот градителите на пругата бил: 55.812 работници, 112.277 селани, 34.613 ученици и 8.669 интелектуалаци. Стручниот состав на пругата: 170 инженери, 157 техничари и 6.000 стручни работници. Сите тие на пругата работеле во три смени.
Покрај младината од Југославија на изградба на пругата работела и младината од 42 земји, меѓу кои од: Полска, Чехословачка, Бугарија,Грција, Ромунија, Унгарија, Британија, Италија, Франција, Данска, Шведска…
Изградбата на пругата имала и едукативен карактер. Организирани се 41 стручен курс, а 12.500 градители по работењето на пругата се запослиле во разни стопански гранки како квалификувани работници.
Механизацијата на пругата била од цела Југославија. На пругата работеле 539 камиони, 106 булдождери, 90 компресори, 25 скрепери, 93 мешалици за бетон, 27 автоматски набивачи на бетон, 20 транспортери, 118 агрегат, 21 дробилица и 19 трактори.
Првиот воз на пругата Шамац-Сараево, тргнал на 16. ноември 1947. година. А пругата свечено ја отворил Јосип Броз Тито, 1948. година на отварањето на новата железничка станица во Сараево.
Можеби некој на овој начин на изградба гледа со потсмев, но лицемерно е да се однесуваме така кон генерациите кои учествувале на овие акции и го изградиле она што и денес се користи. Особено кога се соочуваме со недостаток на стручност, инженери, квалификувана работна сила, големи градежни компании, а и со рокот, начинот на изработка на проектите, изведбата и состојбата со поголемите (но не и големи) градежни зафати во земјава.
Младинските акции биле и своевиден општествен феномен. Можеме да гледаме на нив како сакаме, но пругата е изградена. Тие може слободно да се каже дека се предвесници на денешното волонтирање, општествено – корисна работа, па и активизам, нешта за кои се повеќе се зборува бидејќи се се повеќе неопходни, затоа што „Ние ја градиме државата, државата не гради нас“.