Чилеанското биро 2DM arquitectos го потпишува проектот за компактно и аголно обликување на куќа на осамено место во Рuertecillo, Чиле. Куќата на две нивоа е наречена „Сasa Рrebarco“.
Куќата е наменета за млад брачен пар, чиј единствен услов бил да имаат поглед на морето. Желбата на двојката за поглед на море ја создала конечната форма на Сasa Рrebarco. 2DM arquitectos драматично ја издигнале куќата од предната страна во точка, обезбедувајќи подигнат поглед од катот и евоцирајќи слика на прамец на брод.
Влезната врата се наоѓа под испуштениот дел од куќата. Заедничките простории на приземјето овозможуваат со повоздржан изглед да се биде рамо до рамо со околната природа. Тука се сместени: отворена кујна, трпезарија и дневен престој кој се протега надвор до терасата. Главната спална соба се наоѓа на катот, каде што застаклената точка на живеалиштето пружа поглед на Тихиот Окен.
Фасадата на Сasa Рrebarco е артикулирана со палета на материјали од стакло и поцрнето дрво, што помага впечатливаиот објект да се нагласи на локацијата. Дрвото со темна боја продолжува во ентериерот, со додавање на природна боја на дрво што помага да се внесе допир на топлина во компактното живеалиште.