Насловна / Вести / Жарко Башески дел од светски изложби по повод 50 години хипереалистична скулптура

Жарко Башески дел од светски изложби по повод 50 години хипереалистична скулптура

Македонскиот скулптор Жарко Башески ќе биде дел од изложбата „Преобликувана реалност, 50 години хипереалистична скулптура“ која што ќе се одржи во Билбао, Мексико и Копенхаген во период од една година.Жарко Башески

Врз основа на избор на околу 30 хиперреалистични скулптури од 24 меѓународни уметници, изложбата „Преобликувана реалност, 50 години хипереалистична скулптура“ ќе го прикаже развојот на човековата фигура во хиперреалистична скулптура во текот на последните 50 години.

Изложбата е можност на едно место (во три музеи во Шпанија, Мексико и Данска) да се видат значајни светски уметнички остварувања.

Изборот на скулптури ќе открие пет различни клучни проблеми во претставувањето на фигуративниот реализам, со цел да се нагласи на кој начин ги гледаме нашите тела кои се предмет на постојани промени.

Една од носечките теми на изложбата е наречена „Димензии“. Во рамките на оваа тематска целина ќе бидат претставени дела од уметници кои користат хиперреалистилен начин во претставувањето на човечки фигури.

Изложбите ќе се одржат во три градови во период од една година: 07 јуни – 26 септември 2016 „Museo de BellasArtes de Bilbao“, Билбао 15 октомври 2016 – 08 јануари 2017 „ Museo de Arte Contemporáneo de Monterrey“, Мексико 04 февруари – 06 август 2017 „ ARKEN Museum of Modern Art “, Копенхаген.

Во рамките на овој светски проект ќе бидат изложено делото „Обичен човек“ на Жарко Башески меѓу делата на познатите уметници како што се Рон Мјуик и Сем Џинкс.

На оваа изложба се претставуваат најзначајните уметнички дела од хиперреализмот во светот и учеството на еден македонски уметник како што е Жарко Башески претставува високо признание за неговиот творечки дострел.

Save

Испрати коментар

Scroll To Top