Насловна / Архитектура / Жан Нувел го изгуби спорот за париската филхармонија

Жан Нувел го изгуби спорот за париската филхармонија

жан-нувел-12

Познатиот француски архитект Жан Нувел го изгуби спорот во врска со Филхармонијата во Париз. Архитектот претходно тврдеше дека објектот не одговара на неговиот оригинален дизајн со кој победил на конкурсот во 2007 година, и поради тоа во месец март годинава преземал легални мерки. Исто така, побарал од судот да се реновираат вкупно 26 области, вклучувајќи ги парапетите, камините, фасадата, променадата и самата концертна сала, истовремено бојкотирајќи го свеченото отворање што трбаше да се одржи во јануари оваа година.

Поради тоа што не обезбедил доволно информации и документи за докажување на неговиот случај, Жан Нувел не успеал да го отстрани своето име од филхармониската сала, која се проценува на 302 милиони фунти.

Испрати коментар

Scroll To Top