Жан Мишел Баскијат беше еден од оние луѓе кои уште од мали нозе знаеја што сакаат да бидат и никогаш не се откажа од тоа. За време на неговата бурна и тешка младост, единственото нешто што постојано се провлекувало во неговото секојдневие била уметноста.
Иако живеше кратко, остави огромно влијание во светот на уметноста. Претежно занимавајќи се со општествените прашања од неговото време, Жан Мишел Баскијат во преден план ги ставал многуте противречности на 20 век.
На крајот, фаталниот спој на младост, талент, порочност и слава во еден момент се свртеa против него.
Роден е на 22 декември 1960 во Бруклин, а средбата на Баскијат со уметноста му ја овозможила неговата мајка Матилда, која како многу младо момче го однела во музеј на Менхетен, а подоцна му купила јуниорски годишен билет за Музејот на уметност во Бруклин.
На осум годишна возраст го удрил автомобил на улица и тешко бил повреден. За да го расположи, мајка му во болница му ја донела книгата „Грејова анатомија“ која ќе има силно влијание врз идниот голем сликар.
Семејната среќа била уништена со разводот на родителите. Мајка му е примена во психијатриска болница, а остатокот од семејството почнува да се сели во потрага по подобри работни места. Поради лошите односи со татко му, Баскијат за прв пат побегнал од дома кога имал 15 години.
Кога конечно ќе се преселат во Порторико, односите на Жан Мишел со неговиот татко стануваат затегнати и тој за прв пат бега од дома. Во 1976 година, семејството се враќа во Њујорк.
Целосно изгубен, Баскијат живее на улица, а после едно апсење е вратен на неговиот татко, но многу брзо повторно го напушта семејниот дом. На крајот нема ни да заврши училиште, туку ќе го напушти, само една година пред матурата.
Благодарение на неговиот неверојатен талент, младиот Баскијат почнал да живее со другарите и да ги продава своите цртежи во овој период. Неговиот талент му овозможил да преживее без ничија помош.
Во текот на 1970-тите, Баскијат се орјентирал на графити, кои ги цртал на ѕидови и вагони заедно со неговиот пријател Дијаз. Се потпишувале како „ЅАМО“ („Same old shit”).
Неговиот прв голем успех се случил во 1980-тите кога ги изложил своите дела на групна изложба во Њујорк наречена „Times Square Show“. После тоа, во 1981 година, му се отвораат вратите на познатата галерија „Anina Nosei“, благодарение на која добива простор за својата прва самостојна изложба.
Изложбата била добро прифатена поради неговиот автентичен стил. Неговите слики се спој на зборови, фрази, загадочна симболика и фигури кои привлекуваат внимание.
Појавувањето на Баскија на уметничката сцена во 1980-тите се совпаѓа со појавата на неоекспресионизмот, кој, меѓу другото, се карактеризира со груб процес на изразување, а самата уметност на Баскијат не можела подобро да се вклопи. Иако во еден момент целосно се префрлил на сликарството, го задржал својот карактеристичниот стил на импровизација.
Соработката со Енди Ворхол помогнала на славата на Баскијат еднакво како и на работата на Ворхол.
Тие „произвеле“ серија заеднички слики, така што едниот ја завршува работата на другиот, а тоа им донело и позитивни и негативни критики.
До 27 години, Баскијат насликал повеќе од 1.000 слики и 2.000 цртежи! Сепак, неговите дела никогаш не биле без подлабоко значење, било да говореле за бројни општествени прашања или постојано се однесувале на различни книги што ги читал или знаењето што го стекнал во текот на неговата кариера.
Афро-карипските корени честопати влијаеле на тоа Баскијат да ја критикува политиката на колонијализмот и расизмот во неговите слики, цртежи и поетики. Тој исто така бил под силно влијание на книгата „Грејова анатомија“ која ја читал како дете, подоцна прикажувајќи студии за анатомски елементи во многу негови дела.
Еден од честите мотиви на Жан Мишел Баскијат е стапало, кое го прикажувал постојано, дури и во склоп на иста слика. На сосптвената студија на анатомија често придодавал историски, па дури и религиски референци.
Неговите дела ги карактеризира силна дихотомија и спојување на неспоиво. Толку често гледаме и текст и слика, како и мешавина на историски и современи елементи.
Неговиот карактеристичен наратив го прикажува богатството наспроти сиромаштијата. Примитивните елементи на Баскијат често имаат мистериозни и скриени значења, што дополнително придонесува за речиси магичната атмосфера на неговите слики.
Судејќи по неверојатно добриот почеток, критичарите на младиот уметник му предвидувале долга и богата кариера. Поради неговиот астрономски успех и сличноста во стилот, критичарите го нарекле „Црниот Пикасо“.
Меѓутоа, постоела една слаба точка на патот до славата… а токму таа го запрела креативното творештво на Баскијат и значително влијаела на неговото социјално однесување. Во прашање била неговата ментална состојба.
Смртта на неговиот голем пријател Енди Ворхол била исто толку тешка за Баскијат како и комбинацијата на зависност од дрога и депресија од која страдал. Сето тоа е зачинето и со параноја која целосно го исклучила од уметничката сцена.
Неговото патување на Хаваи во 1987 година било обид за бегство од неговите проблеми, но за жал, тоа не вродило со плод. Баскијат се вратил во Њујорк во 1988 година и умрел од предозирање со хероин во неговото сликарско студио на 12 август. Имал само 27 години.
Иако неговиот живот заврши многу пред вистински и да започне, американскиот уметник Жан Мишел Баскијат зад себе остави голем опус, кој денес е исклучително ценет и баран, што резултира со неверојатно висока вредност на неговите дела. На аукција на 18 мај 2017 година, само една негова слика беше продадена за 115.500.000 долари.