Против архитектонската фирма SOM, која го потпишува проектот на новата зграда на Светскиот трговски центар, поднесена е тужба за копирање на дизајнот на објектот. Имено, архитектот Jeehoon Park тврди дека дизајнот на One World Trade Center во Њујорк е украден од неговaта студентска работа за објектот Cityfront ’99. Тој тврди дека објектот во Њујорк има впечатлива сличност со неговиот објект од 122 ката и дека тоа најмногу доаѓа до израз кај стаклената фасада, која исто така е изведена од обратни триаголни стаклени панели.
Основата на зградата од 1999 година и спорниот „Светски трговски центар“
Jeehoon Park, кој е сопственик на архитектонската фирма Qube Architecture LLC, бара преку судски спор да се дефинира степенот на штетата што бил нанесен на неговата компанија и да му се овозможат заслуги за дизајнот за One World Trade Center, пишува Ројтерс. Како што тврди оштетената страна, архитектите од фирмата Skidmore, Owings & Merrill (SOM) биле во можност да го видат проектот на објектот Cityfront ’99, додека бил изложен во фоајето на Универзитетот, или за проектот можеле да дознаат од неговиот поранешен ментор кој сега работи за нивната компанија. Архитектот посочува дека Cityfront ’99 бил претставен во филмот The Lake House (Куќа на езеро, со Сандра Булок и Кјану Ривс во главните улоги) од 2006 година, и дека една од сцените во филмот е снимена токму во фоајето на зградата во Чикаго, во којашто некогаш се наоѓала канцеларијата на фирмата SOM. „Нашиот клиент само сака да биде третиран праведно. Тој дури и не ги знаел кои се неговите законски права, додека нам не ни се обратил“, изјавил адвокат на архитектот, Dan Kent.