Бугарските весниците „Труд” и „24 часа” ја започнаа кампањата „Избери го симболот на Софија”. На крајот на месецот ќе биде јасно кој е културно – историскиот најзначаен симбол на престолнината. Повеќе објекти се во конкуренција, а засега во убедливо водство е храмот „Александар Невски“. Но високо котира и зградата на Софискиот Универзитет. Во продолжение накратко за историјата на овој монументален објект.
Софискиот Универзитет е најстариот и нависокорангираниот во земјата. Официјалното име претпело промени, но само оние кои студирале во оваа зграда ја почувстувале атмосферата на ова здание во својата суштина. Особено ако тоа било во периодот пред 1989 година кога во Алма матер предавале најсветлите умови на бугарската наука.
Се разбира, целиот универзитетски комплекс е заслуга на архитекти, градежници, скулптори, но се започнува со неколку важни документи. Во 1880 г0дина, Министерството за просвета му предлага на Народното Собрание Закон за отворање на бугарско Вишо училиште (Универзитет), за правни, филозофски,природни, медицински и технички науки. Резултатот стигнува во 1888 кога стартува првиот факултет на Софискиот Универзитет, но во зградата на Првата машка гимназија.
Но, десет години подоцна стигнуваат и средствата за изградба на универзитетската зграда во вид на донација од двајца браќа претприемачи, со аманет приматот да го имаат техничките и природните науки. Зградата на Ректоратот каква што ја знаеме и денес, е изградена во 1934 година, според проект на францускиот архитект Анри Бреасон. Тој победил на конкурсот во 1906 година. Двете статуи на влезот се двајцата браќа донатори.